Еден од најголемите трансфери пред реализација: Вирц полета за Англија! (ВИДЕО)

Еден од најголемите трансфери летово наскоро ќе биде и официјално потврден, Флоријан Вирц заедно со своето семејство отпатува за Ливерпул.

Ѕвездата на Баер Леверкузен се сели во Премиер лигата, а Ливерпул ќе плати сума од 117.5 милиони евра оштета и уште 18.8 милиони кои ќе бидат исплатени преку бонуси.

Новинарот на германски „Скај“, Флоријан Платенберг објави и видео од аеродромот во Келн од каде што пред околу еден час Вирц се упати на новата дестинација.

Германецот се очекува да биде најголемото летно засилување за „црвените“.