Алкараз се измачи против Мунар за пласман во четвртфинале во Квинс

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз славеше против сонародникот Хауме Мунар со 2-1 во сетови, односно 6-4, 6-7 и 7-5 за пласман во четвртфинале на турнирот во Квинс.

Алкараз во првиот сет успеа со еден брејк на противнички сервис да слави со 6-4, по што се водеше голема борба во вториот сет при што Мунар во тај-брејк беше подобар со 9-7.

Мунар имаше предност во третиот сет од 4-2, меѓутоа Алкараз влезе во одличен ритам и на крајот триумфира со 7-5.

Вториот тенисер во светот во четвртфинале ќе се бори против победникот од мечот меѓу Опелка и Риндернех.

Фото: EPA PHOTO