Во САД се прекина натпревар поради невреме што треба да дојде! (ФОТО)

Натпреварот помеѓу Палмеирас и Ал Ахли на Светското клупско се прекина поради невреме, но она што е посебно интересно е што невремето во моментот на прекинот не беше запчнато.

Имено, поради најавите за големо невреме во овој регион на САД судијата го прекина на натпреварот во моменти кога над стадионот се уште имаше и сонце со тоа што можеше да се забележат и облаци од едната страна.

Исто така имаше и предупредување за гледачите да се засолнат во ходникот на стадионот.