
Игор Митровски ќе суди на претстојниот Еуробаскет!
Домаќини на Еуробаскетот се Летонија, Финска, Кипар и Полска, а за Митровски тоа ќе биде трет настап на континенталните шампионати по 2015 и 2022 година. Ова е уште една можност за него да покаже зошто години наназад е дел од судиската елита на ФИБА.
Пред Еуробаскетот во сениорска конкуренција, Митровски ќе биде дел и од судиската постава на Европското јуниорско (У18) првенство што ќе се одржи во Белград од 26 јули до 3 август, а на кој ќе учествува и репрезентацијата на Македонија.