
Навивачите бесни: Резултати нема, а влезниците на „Олд Трафорд“ повторно поскапеа
Клубот воведе нов модел на категоризација на натпреварите, па така цените на одредени влезници би достигнувале и до 97 фунти, почнувајќи од дербито против Арсенал на отворањето на сезоната на 17 август.
Од овој потег погодени би биле околу 20.000 навивачи кои билеите за домашните натпревари на „Олд Трафорд“ ги купуваат преку членството. Од Здружението на навивачите порачаа дека клубот во ниту еден момент не се консултирал со телото кое ги претставува навивачите.
Од друга страна извршниот директор на клубот, Омар Берада го тврди спротивното.
„По сезона каква што имавме, очекувавме клубот да ги разгледа своите планови за нов модел за продажба на влезници“.
Манчестер јунајтед изминатата сезона во Премиер лигата ја заврши на 15. место со само 42 бода, а имаше прилика да ја спаси сезоната со трофеј во Лигата на Европа, но беше поразен од Тотнем во финалето и идната сезона нема да игра во европските натпреварувања.