
Во Јувентус немале избор: Ни кажаа – мора да одите кај Трамп!
Имено, Трамп додека фудбалерите на Јувентус стоеа зад него тој зборуваше за војната помеѓу Иран и Израел. Изненадувањето не го криеа и членовите на „старата дама“.
Американецот од редовите на Јувентус, Тимоти Веа по натпреварот за медиумите откри дека немале избор и морале да одат во посета на Трамп.
„Искрено, многу бев изненаден. Ни кажаа дека мораме да одиме и немавме друг избор. Ми беше чудно што зборуваше за политиката и се околу Иран, ние сме тука само да играме фудбал“, изјави Веа.
Интересно е што пред неколку години вториот Американец во редовите на Јувентус, Венстон Мекени го критикуваше изборот на Трамп за претседател.
„Не мислам дека Трамп е вистинскиот избор. Стојам зад овие зборови. Верувам дека не ја разбира одговорноста која ја има за целата земја. Мислам дека не е доволно образован, воопшто не го поддржувам. Во моите очи можеше да го наречете расист“, гласеше изјавата на Мекени во 2020 година.