
Аларм во Реал: Мбапе завршил во болница!
Реал Мадрид соопшти дека Французинот е хоспитализиран и во наредните часови треба да му бидат направени дополнителни тестови.
Мбапе не се почувствувал добро во понеделникот по тренингот на 48 часа пред натпреварот со Ал Хилал и од тогаш не може да тренира, па поради тоа не настапи и во вчерашниот натпревар.
Реал Мадрид одлучил да се држи до протоколите во вакви ситуации и го оставил Мбапе во изолација.
Од кога е во Америка, Мбапе со Реал одработи вкупно два тренинзи и ги пропушти речиси сите останати активности на неговиот клуб. Како што стојат работите, Алонсо сигурно нема да смета на него за натпреварот в недела против Пачука.
Parte médico de Mbappé.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 19, 2025