Радукану може да здивне, Вимблдон го спречи нејзиниот прогонувач да купи билети

Мажот кој пред неколку месеци доби забрана за приближување до британската тенисерка Ема Радукану, се обидел да се пријави за купување билети за овогодишниот Вимблдон.

За среќа на тенисерката, неговото барање е одбиено бидејќи името му е означено како безбедносен ризик. Радукану беше вознемирена затоа што мажот ја следел на четири турнири по ред, а ситуацијата кулминирала во февруари, на турнирот во Дубаи, каде тој ѝ дал писмо и побарал да се фотографира со неа. Поради неговото однесување, локалната полиција во Дубаи му издаде забрана за приближување, а тениските власти добиле известување за овој случај.

На спомнатиот турнир во Дубаи, Радукану беше толку вознемирена што плачеше и се криеше зад столчето на судијата додека обезбедувањето го бркаше прогонувачот од трибините. На Вимблдон, Британката нема да има таков проблем и ќе може да се фокусира само на своите настапи.