
Камерунецот Донгмо и наредната сезона во Вардар!
Донгмо кој има 24 години во Вардар пристигна од вториот тим на Троа, а беше дел и од репрезентацијата на Камерун до 23 години.
Во изминатата сезона за Вардар Донгмо беше еден од најстандардните во тимот на Вардар и одигра 33 натпревари во сите натпреварувања во кои постигна два гола и подели уште две асистенци. Двата погодоци ги постигна во Купот на Македонија против Новаци во првата рунда и во четвртфиналето со Силекс.
Договорот кој го потпиша е со важност од една година со можност за продолжување на уште една.