Бутел се засили со голман од Алкалоид!

Екипата на Бутел утрово потврди дека за наредната сезона добива засилување на голманската позиција и тоа со доведувањето на искусниот Благојче Трајковски.

Трајковски кој има 38 години и богата кариера зад себе пристигнува од Алкалоид. Низ кариерата бранеше уште за Прилеп, Куманово, Радовиш, МАКС Струмица, Охрид и Пелистер, а во Автокоманда беше од 2022 година.

Исто така запиша и настап за македонската репрезентација на Светското првенство во 2017 гбодина.

Со доведувањето на Трајковски во Бутел продолжуваат да работат на формирање на тимот за сезоната која следи, претходно нови договори потпишаа тренерот Горан Кузмановски и средниот бек Димитар Ѓеоргиевски, а заминаа: Бојан Блажески, Антонио Николоски, Драган Шољиќ, Христијан Милошески и Кристијан Давитковски.