Ако Шкендија по вторпат го елиминира ТНС, може да налета на тежок ривал

Екипата на Шкендија која како шампион во ПМФЛ е единствен наш претставник во квалифиакциите за Лигата на шампионите ги дозна потенцијалните ривали за второто коло.

Во првото коло тетовскиот клуб ќе се соочи со ТНС од Велс со кого веќе еднаш се соочи пред неколку години, а ако го елиминира велшкиот претставник во втората рунда Шкендија може да налета на тешка задача.

Потенцијални ривали се екипи кои се редовни учесници во европските натпреварувања како: Слован Братислава, Карабах и победниците од средбите: ФЦСБ – Интер Клуб Десалдес и Олимпија Љубљана – Каират.

Првиот натпревар Шкендија го игра во Велс на 8 или 9 јули, додека во реваншот во кој ќе бидат домаќини е планиран за 15 или 16 јули.