Вардар ако ги мине аматерите од Сан Марино може да игра против Трапановски, Работнички со Шишковски!

Откако вчера ги добија противниците во првото коло, македонските претставници во европските квалификации денеска ги дознаа и потенцијалните противници во второто коло.

Екипата на Вардар која како освојувач на Купот на Македонија доби место во овие квалификации го доби најпосакуваниот противник и ќе се соочи со Ла Фиорита од Сан Марино. Ако вардарци успешно ја минат оваа пречка постои можност да се соочат со Данди јунајтед на Кристијан Трапановски. Останати потенцијални противници се: Санта Клара, Балкани, Шамрок и Лозана.

Битка помеѓу двајца македонци интернационалци може да има и ако Работнички обезбеди второ коло. Дебармаалци во првото ќе играат против белорускиот Топредо-Белаз, а ако го елиминираат потенцијален ривал е Борац Бања Лука каде што брани македонскиот чувар на мрежата Дамјан Шишковски. Од останатите екипи тука се: Макаби Хаифа, Арарат, Австрија Виена и Пушкаш Академија.

Силекс кој нема да патува далеку и за место во второто коло ќе игра со Дечиќ од Црна Гора може да се соочи: Рапид, Јагиелонија, Универзитате Крајова и победниците од средбите: Атлетик Клуб Десалдес – Дуделанж и Биркиркара – Петрокаб.