Ужас: Во израелското бомбардирање убиен и палестински репрезентативец!

Палестинскиот репрезентативец Абдулах Мазен Хавила на само 25 години трагично го загубил животот во вторникот за време на израелското бомбардирање на појасот Газа.

Веста за оваа трагедија ја соопшти Фудбалскиот сојуз на Палестина, кој се збогува од фудбалерот на локалниот тим Џабала.

Според информациите Хавила починал додека чекал да му биде укажана лекарска помош. 

Во последните денови Израел ги уништи официјални простории на Фудбалскиот сојуз на Палестина, како и стадионот „Фајсал Ал-Хусеини“. Палестинците тврдат дека од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток, Израел убил стотици фудбалери, меѓу кои има и репрезентативц, а исто така се уништени се десет фудбалски стадиони во појасот Газа.