
Гвардиола потврди дека си заминува најскапото засилување во историјата на Сити!
Англискиот репрезентативец пристигна во Сити пред неколку години во рекорден трансфер вреден 117,5 милиони евра, меѓутоа Гвардиола смета дека е време да се разделат.
„Џек е неверојатен фудбал, тој мора да игра. Во последните две сезони не доби премногу шанса, па ќе му треба време да се врати во ритам. Меѓутоа верувам дека ќе го покаже својот квалитет“, кажа Гвардиола.
Грилиш одигра 157 натпревари за „граѓаните“, а притоа постигна 17 голови и 23 асистенции.
Фото: Facebook/Manchester City