Екипа која ќе игра во Конференциската лига има - супермаркет за спонзор!

Фудбалскиот тим Флориана ќе настапи во Конференциската лига на УЕФА, а на социјалните мрежи привлече внимание поради нивниот спонзор.

Пред ждрепката за Конференциската лига, Флориана соопшти дека потпишала неколку спонзорски договори, но најмногу внимание привлекува тоа што ги спонзорира супермаркетот „ШопИн“, иако многумина би очекувале спонзори кои може да инвестираат повеќе пари.

Првите натпревари се играат на 10 јули, додека реваншите се закажани една недела подоцна.