Расистите кои ја „обесија“ куклата на Винисиус добија затворски казни!

Судот во Мадрид донесе пресуди против четворица навивачи кои за време на дуелот меѓу Реал и Атлетико во јануари оваа година расистички го нападнаа Бразилецот Винисиус.

Еден од навивачите ширеше расизам на социјалните мрежи, а дел од нив обесија кукла на дување на која беше облечен дресот на Винисиус.

Епилогот на драмата беше затворска казна за сите четворица расисти. Еден од нив доби казна од една година и 10 месеци затвор, додека останатите со една година и два месеци затвор.