Работнички закажа двомеч против Силекс, Шкендија ќе игра четири дуели во Словенија

Македонските екипи ги почнуваат подготовките за новата сезона, па така Работнички и Силекс ќе одиграат пријателски двомеч, додека Шкендија ќе има четири пресметки на тестовите во Словенија.

Работнички и Силекс најпрво ќе се соочат на 17 јуни во Кратово, а четири дена подоцна ќе играат во Скопје.

Шкендија ги почнува подготовките на 17 јуни и ќе се соочи против Аргеш Питешти, Копер, ЦСКА Софија и Олимпија.