
Поранешен репрезентативец на Македонија ќе биде тренер на третолигаш од Црна Гора!
Тој доаѓа во средина која добро ја познава – ова е негово трето ангажирање во Тузи, по два мандата во тимот на Дечиќ.
„Треневски е човек кој ја разбира оваа средина и има искрена поврзаност со локалната заедница. Не доаѓа само како тренер, туку како некој кој сака да изгради нешто ново и вредно со фудбалските ентузијасти во Тузи“, соопштија од клубот.
Македонецот во играчката кариера настапуваше за Будуќност, Партизан и за националната селекција за која одигра 17 натпревари. Тренерската кариера, пак, ја градеше во Црна Гора, Словенија и Македонија, водејќи екипи како Дечиќ, Ком, Грбаљ и Работнички.