
Башкими во прволигашкото друштво ќе влезе со нов тренер - Муарем Муарем!
Баже Јанакиевски го однесе тимот во Прва лига, но соработката со него е прекината по взаемен договор.
Нов тренер е Муарем Муарем кој тренерската кариера ја започна во Гостивар.
„Нашиот клуб со задоволство сака да соопшти дека Муарем Муарем е новиот тренер на првиот тим“, стои во соопштението на Башкими.