Нема пари, нема музика: Босна сензационално се откажа од АБА лигата!

Кошаркарскиот клуб Босна од Сараево соопшти дека следната сезона нема да настапи во АБА-лигата, туку планира да игра само во домашниот шампионат и Куп, иако многумина би давале пари за да се натпреваруваат во регионалното натпреварување.

Босанскиот тим соопшти дека нема да игра во АБА-лигата, иако се изборија за настап во елитното натпреварување преку кошаркарскиот паркет, а причина за тоа се условите за учество во АБА:

„Добивме негативен одговор од две сали во Сараево на кои им ги испративме нашите барања за настап, а за кои сметавме дека постојан технички услови. Менаџментите беа разумни и во комуникација, но поставија технички предуслови на кои нашиот клуб не може да влијае. Втора причина е целосната неизвесност околу нашиот конечен буџет за настап во силната АБА-лига. Нашата цел е да станеме стабилен учесник во натпреварување со високи спортски амбиции. Понуди за поддршка, соработка и спонзорство испративме на повеќе од 130 адреси, а во овој момент не постои доволен интерес за да ни помогне го остварување на амбициите“, соопшти Босна.

Екипата од Сараево во следната сезона ќе настапува во домашното првенство и Купот на БиХ.

Фото: Facebook/KK BOSNA