Барселона по шест години оди на турнеја во Азија - ќе одигра три натпревари!

Шпанскиот шампион Барселона по шест години се врати во Азија, каде што ќе одигра неколку пријателски натпревари во рамки на подготовките за следната сезона.

„Мундо Депортиво“ објави дека Барселона ќе одигра три натпревари, и тоа најпрво на 27 јули против Висел Кобе во Јапонија, а потоа во Јужна Кореја против Сеул на 31 јули и Даегуа на 4 август.

Барселона последен пат имаше турнеја во Азија во 2019 година, кога Ернество Валверде го предводеше каталонскиот гигант.