Челси му пресуди на Лос Анџелес, Делап дебитира со асистенција (ВИДЕО)

Освојувачот на Конференциската лига, Челси тргна со триумф на Светското клупско првенство, откако вечерва беше подобар од Лос Анџелес ФК со 2-0.

Педро Нето во 34. минута постигна прекрасен гол, откако успеа да измами еден противнички дефанзивец, а потоа ја испрати топката во мрежата на Лос Анџелес.

Лијам Делап доби шанса од клупата за резерви во 64. минута од натпреварот, а само 15 минути подоцна успеа да му асистира на Енцо Фернандез за конечни 2-0.

Во групата Д, освен Челси и Лос Анџелес, се уште и тимовите на Фламенго и Есперанса Тунис.