Четири гола и два црвени картони на дербито меѓу Бока и Бенфика! (ВИДЕО)

Дербито меѓу Бока Јуниорс и Бенфика на Светското клупско првенство заврши нерешено 2-2, тоа беше возбудлив дуел во кој португалскиот тим се врати од два гола негатива и се спаси од пораз, беше покажан и по еден црвен картон на двете страни.

Аргентинскиот тим подобро го почна мечот, веќе во 21. минута со гол на Мигуел Мерентиел поведе со 1-0.

Само шест минути подоцна Батаља даде гол со глава за предност на Бока и од 2-0.

Во самиот финиш од првото полувреме беше покажан пенал за Бенфика кој мајсторски го реализираше Ди Марија. Португалците намалија на 2-1.

Течеше 72. минута кога Белоти направи непромислен старт и заработи црвен картон, Бенфика остана со играч помалку и имаше негатива од еден гол.

Но и покрај тоа, со гол на Отаменди со глава во 84. минута успеаа да израмнат на 2-2.

Фрустрацијата кај фудбалерите на Бока беше видлива, Фигал направи еден глупав старт во 88. минута и тој заработи црвен картон.

Ноќеска се одигра и уште еден меч од Светското клупско првенство во кој Фламенго со 2-0 го совлада тимот на Еспреансе Тунис.

Де Араскета погоди во 17. минута за 1-0, конечните 2-0 ги постави Луис Араухо во 70. минута.