
Вардар ќе патува во Сан Марино, Работнички во Белорусија, Силекс во соседството!
Вицешампиониот Силекс за противник ја доби екипата на Дечиќ од Црна Гора, додека Работнички кој сезоната ја заврши како трет во првенството ќе оди на двомеч со Торпедо Белаз од Белорусија.
Вардар своето место во овие квалификации го обезбеди со освојувањето на Купот на Македонија, а сега ќе се соочи со Ла Фиорита од Сан Марино.
Првите натпревари се играат на 10 јули додека реваншите се закажани за седум дена подоцна.