Откриени детали: Барса ќе ја плати клазулата, Вилијамс ќе потпише на шест години

Шпанскиот фудбалер од редовите на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс е на добар пат да се пресели во Барселона.

Според последните информации од Шпанија, Барселона е подготвена да ја активира клазулата во неговиот договор која изнесува 62 милиони евра. Исто така се открива дека Вилијамс со Барселона ќе потпише договор на шест години и ќе има плата од 12 милиони евра бруто по сезона.

Трансферот на Вилијамс би се реализирал најверојатно по комплетирањето на договорот со голманот Жоан Гарсија кој пристигнува од Еспањол за сума од 25 милиони евра.

Претходно Вилијамс се поврзуваше со Баерн и Арсенал, но на крајот пресуди неговата желба да остане во Шпанија.