Гатузо ќе ја води Италија за „кикирики“, платата му е седум пати помала отколку на Тухел

Џенаро Гатузо в четврток официјално ќе стане селектор на Италија со која ќе се обиде конечно да се пласира на светско првенство, а медиумите на Апенинскиот полуостров се занимаваа со финансиските детали од неговиот договор.

Ла Република тврди дека легендарниот фудбалер ќе потпише договор на една година за плата од 800 илјади евра со тоа што е предвиден бонус од милион евра ако ја однесе Италија на Мундијалот. Ако ја оствари таа цел, договорот автоматски му се продолжува до 2028 година.

Сумата која ќе ја добива Гатузо е ништо во споредба со платите на селекторите на другите европски гиганти. На пример, Томас Тухел ја води Англија за 5,8 милиони евра годишно што е над седум пати повеќе од заработката на Гатузо. Јулијан Нагелсман од Германската фудбалска федерација добива 4,8 милиони евра, а интересно е тоа што попладен од Гатузо е и Драган Стојковиќ Пикси чија годишна плата изнесѕва 1,4 милиони евра.

Гатусо е назад и во споредба со своите претходници на клупата на Италија. Роберто Манчини имаше годишна плата од 3 милиони, а Лучано Спалети од 2,8 милиони евра.