
Невидено: Дури 16 лица од Салернитана завршиле во болница по мечот со Сампдорија!
Скандалот се случил на враќање од Џенова, откако веднаш по летот многумина од тимот пријавиле здравствени проблеми, најверојатно предизвикани од оброкот што го консумирале по натпреварот. Итната медицинска служба интервенирала по слетувањето, а заболени лица биле префрлени во две локални болници.
Остатоците од спорниот оброк се предадени на лабораториска анализа, а случајот е пријавен до полицијата во Џенова, која ќе спроведе официјална истрага за да го утврди изворот на труењето. Во меѓувреме, клубот од Салерно размислува да побара одложување на реванш-натпреварот што треба да се одигра в петок (20 јуни).
ФОТО: X / @eurofootcom