
Српски ММА-борец убиен во Канада!
Властите во почетната фаза од истрагата не откриваат повеќе детали за инцидентот, додека „Ла Трибуна“ објави дека Гавриловиќ бил застрелан на улица, а неговата девојка во домот.
„Мажот е префрлен во болница и таму го загубил животот. Околу два часот изутрина, сведок ја контактирал Итната помош за да пријави повредено лице. По доаѓањето, докторите го преземале повредениот борец, додека полицијата во домот ја пронашла мртва 32-годишната жена“, објави „Ла Трибуна“.
Гавриловиќ во кариерата имаше 14 борби, а притоа оствари осум победи и шест порази.