Италијански кошаркар пред две години победи тумор, сега му е дијагностицирана леукемија

Членот на Виртус и италијански репрезентативец, Акиле Полонара има леукемија, соопшти неговиот клуб.

Пред две години, тој доживеа операција за отстранување на тумор на тестисите од што подоцна заздраве, но сега пред него е уште една голема животна битка. Се работи за миелоидна леукемија која подразбира малигно заболување на коскената срж.

„Виртус ја известува јавноста дека Акиле Полонара претходните недели беше на специјалистички медицински испитувања по кои е поставена дијагноза миелоидна леукемија. Во моментов тој е хоспитализиран во болницата Сент Орсола во Болоња каде почна со специфични терапии. Целото семејство на Виртус е со Акиле и неговото семејство и му посакува брзо заздрвување. Аки, со тебе сме и те чекаме“, пишува во соопштението од клубот.

Лошите вести доаѓаат во период кога Виртус се бори за титулата во италијанското првенство. Во финалната серија од плејофот за противник ја има Бреша и во моментов води со 2-0.