
Шверцерите со ултиматум: Стабилизирајте го Шкупи за две недели, ако не - ние ќе делуваме!
Додека дел од останатите клубови веќе ги почнаа подготовките за следната сезона, за Шкупи не се знае кога и како ќе го направи тоа.
Ваквата неизвесна ситуација на клубот ги принуди навивачите на реакција, Шверцерите дадоа ултиматум и се заканија дека тие ќе делуваат доколку во наредниот период не се придвижат работите.
„Доста е молк - времето е сега! Шверцерите не забораваат, не простуваат и не се предаваат!
По сите реакции од порталите и по влошената ситуација во клубот во последните месеци, нашето трпение е на самиот крај. Незадоволството е големо и има силна причина: нашиот клуб кој ни е во срцето, ФК Шкупи, е напуштен!
Сегашниот сопственик, оној што го презеде клубот во најтешките моменти и вети многу, сега е исчезнат од сцената – без никакво објаснување, без транспарентност, и најмногу – без почит кон клубот и неговите навивачи!
По завршувањето на сезоната – ниту знак на живот, ниту збор за иднината. Но ние не сме будали. Ние сме шверцери и добро знаеме што се случува!
По разговорите со нашиот водач на навивачката група, даден е рок од две недели за исплата на обврските и стабилизирање на ситуацијата во клубот. Ова е наш ултиматум. Ако нема дејствување – ние самите ќе дејствуваме!
Оваа приказна не ни е нова – во 2009 го доживеавме истото предавство. Но што се случи? Се кренавме силно! Млади и стари, рамо до рамо, го вративме ФК ШКУПИ таму каде што му е местото – на врвот!
И ако времето го побара тоа - ќе го направиме повторно – уште посилни, уште пообединети!
Нема ФК Шкупи без Шверцери!
Нема клуб без почит кон навивачот!
Не го допирајте клубот на нашето срце –
Доаѓа време за пресметка. Шверцерот не заборава. Шверцерот секогаш е подготвен.
ФК ШКУПИ ЗАСЕКОГАШ!“, се вели во соопштението на навивачката група на Шкупи.