
Гарначо заминува од Јунајтед, но сака да остане во Англија!
Во финишот од сезоната Гарначо влезе во конфликт со тренерот Рубен Аморим и стана јасно дека ќе мора да замине од клубот, нема иднина на Олд Трафорд.
Интерес за него има од Баер Леверкузен, Тен Хаг го сака во германскиот тим, но фудбалерот има други приоритети.
Аргентинецот сака да остане во Премиер лигата, предност имаат клубовите од Англија, доколку не успее да се договори со некој од нив, тогаш ќе размислува на заминување во друга земја.
Фото: X/Manchester United