Пелистер во Голд Фелициа во Битола ја прослави шампионската титула!

Во Голд Фелициа во Битола, на 08 јуни со свечена прослава RK Eurofarm Pelister ја прослави шампионската титула и го означи крајот на тековната сезона.

На прославата покрај играчите и стручниот штаб беа присутни спонзорите и поддржувачите на клубот. На настанот свое обраќање имаа челните луѓе на клубот како и градоначалникот на Општина Битола д-р Тони Коњановски, кои им се заблагодарија на сите играчи за нивниот максимален влог во текот на сезоната кој триумфираше со освојувањето на шампионската титула.

 Со шампањ, кетеринг закуски подготвени од страна на Голд Фелициа и заеднички фотографии за спомен на добрата сезона се заокружи свечената прослава на РК Еурофарм Пелистер клубот кој го етикетира градот Битола како ракометен град.

КОМЕРЦИЈАЛЕН ТЕКСТ