Бура во Јунајтед: Аморим го избркал Гарначо од тимскиот состанок

Последната недела Алехандро Гарначо е во центарот на вниманието во Манчестер Јунајтед откако јавно го изрази своето незадоволство од тоа што имаше мала минутажа во финалето од Лигата Европа.

Тоа веројатно не му се допаднало на менаџерот Рубен Аморим кој на еден состанок по мечот со Тотнем дрско му се обратил и дури го избркал од салата.

„Моли бога да најдеш клуб што ќе сака да потпише договор со тебе“, наводно му рекол Аморим, соопштуваат британските медиуми.

Многу веројатно Аргентинецот нема да се врати во Јунајтед идната сезона, а за него постои интерес од Наполи и Челси.