Мурињо донел одлука за својата иднина по неуспешната сезона со Фенербахче

Фенербахче ја заврши сезоната без ниту еден освоен трофеј, па постојано се шпекулираше за иднината на Жозе Мурињо.

Португалецот наводно решел да го испочитува договорот и да остане во Истанбул и да продолжи да го води Фенербахче. Тоа го јавува „ЕСПН“.

Мурињо ја заврши сезоната зад Галатасарај кој го крена трофејот.

Иако постојано се жалеше на судењето кое го форсираше Галатасарај, сепак на крајот Португалецот одлучил да остане.