Нова бура на Јадранот: Црвена Звезда со два збора најави можен бојкот на АБА лигата

Откако вчера АБА му изрече суспензија од три меча на Никола Калиниќ, Црвена Звезда направи вистинска драма.
 

Прво го нападна дисциплинскиот судија Хрвоје Видан, потоа преку својот претседател објави дека не ја прифаќа казната за синоќа да најави можен бојкот на АБА лигата, односно неиграње на вториот меч против Будуќност.

 

 

„Кошаркарите на Црвена Звезда БИ ТРЕБАЛО  в четврток да го играат вториот натпревар од полуфиналето од плејофот на АБА лигата против Будуќност“, пишуваше на почетокот од најавата за денешниот меч.

Иако во продолжение има изјави од тренерот Сферопулос и крилниот центар Петрушев, не е исклучено Звезда, сепак, да не го одигра овој натпревар, особено поради тоа што пред крајот на најавата повторно се искористени зборовите БИ ТРЕБАЛО. Мечот е закажан за 20 часот, а ако Звезда не се појави, ќе биде елиминирана затоа што Будуќност веќе води со 1-0.