
Грилиш веќе го одигра последниот меч за Сити, во новата сезона ќе има - нов клуб!
Грилиш не е во составот на Пеп Гвардиола за денешниот последен натпревар од Премиер лигата против Фулам.
Тоа значи дека Англичанецот веќе го одиграл последниот меч за својот тим.
Информациите велат дека тој со сигурност заминува од Етихад, уште е нејасно каде ќе оди, се пишува дека има неколку опции.
Интерес за Грилиш има од Атлетико Мадрид, Астон Вила, Њукасл и Тотнем.