„Златната копачка“ оди во рацете на Килијан Мбапе

Суперѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе доби делумна утеха за годината без трофеј со тоа што барем освои едно индивидуално признание.

Со 31 гол во својата дебитантска сезона во Реал, Французинот ја освои „Златната копачка“, првпат во кариерата. На крајот тој има 62 бода, 3,5 повеќе од второпласираниот Виктор Ѓекереш иако шведскиот репрезентативец постигна дури 39 гола во дресот на Спортинг во шампионатот на Португалија. Поради подобриот рејтинг, головите во Ла Лига носат 2, а во португалското првенство 1,5 бод, поради што Мбапе заврши со повеќе бодови и дојде до големото признание.

Освен тоа што Мбапе првпат во кариерата ја освои Златната копачка, тој е и прв фудбалер на Реал кој дојде до оваа награда по Кристијано Роналдо во 2015 година.