Астон Вила е најголемиот губитник - ѝ требаше бод за ЛШ и загуби на Олд Трафорд (ВИДЕО)

Попладнево официјално е спуштена завесата на Премиер лигата каде уште пред еден месец се знаеше дека Ливерпул ќе биде нов шампион.

Се знаеше и кои екипи се селат во понизок ранг, па денеска се одлучуваше за тоа кој ќе им прави друштво на Ливерпул и Арсенал во Лигата на шампионите. Манчестер Сити и Челси како гости си ја завршија својата работа, а петтиот тим кој ќе игра во елитното натпревар преку Премиер лигата е Њукасл.

Тимот од Сент Џејмс Парк загуби пред своите навивачи од Евертон со 0-1, но доби голема услуга од Манчестер Јунајтед кој ја победи Астон Вила со 2-0 и ја оневозможи да се пласира во Лигата на шампионите. На крајот, Њукасл и Астон Вила завршија со ист број одови, по 66, но „црно-белите“ одат во ЛШ поради подобрата гол-разлика.

 

 

Во европските купови одат уште Астон Вила и Нотингем Форест, како и освојувачот на ФА Купот, Кристал Палас, додека Англија идната сезона ќе има шест претставници во Лигата на шампионите затоа што Тотнем триумфираше во Лигата Европа.

 

Standings provided by Sofascore