Македонските екипи не се носители во КЛ - познати се можните противници на Вардар, Работнички и Силекс!

Со победата на Вардар во Купот на Македонија познати се сите македонски клубови кои ќе учествуваат во Конференциската лига, ниту еден од нив не е во групата на носители.

Победата во Купот на Македонија покрај трофејот на Вардар му донесе и место во Европа, црвено-црните исто како и Работнички и Силекс ќе играат во квалификациите од Конференциската лига.

Трите македонски екипи се во групата на неносители, па ќе добијат противници со повисок рејтинг од нив.

Листата уште целосно не е комплетирана, но се знаат најголемиот дел од можните противници на македонските екипи.

Дел од можните екипи на Вардар, Работнички и Силекс се Шамрок од Ирска, Хелсинки од Финска, Партизани од Албанија, Копер од Словенија....