Помладите пионери на Македонија ЃП ја комплетираа доминацијата со - двојна круна!

Екипата на Македонија ЃП во конкуренција на помлади пионери е освојувач на годинешниот Куп на Македонија, откако претпладнево на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје во финалето го совладаа Работнички (3-1).

Со ова, талентираните „лавчиња“ на комплетираа доминацијата со двојна круна со оглед што претходно ја освоија и шампионската титула.

Ова е само потврда дека повратникот во елитата има талентирана генерација, која е сериозно перспективна и има потенцијал во себе.