Чичкото на Ѓокереш откри каде ќе игра голгетерот и ги разочара гигантите!

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш има извонредна сезона поради што привлече интерес од неколку европски гиганти, како Арсенал, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челси и други, но неговиот чичко ги разочара со најновата изјава за медиумите.

Чичкото на Ѓокереш кажа дека голгетерот би можел следната сезона да остане во Спортинг Лисабон, иако се очекуваат богати понуди да пристигнат на адресата на португалскиот тим.

„Мислам дека ќе остане во Спортинг. Го сакаме Лисабон, како и Португалија“, кажа чичкото Крис Ѓокереш.

Ѓокереш оваа сезона настапи на 51 меч во сите натпреварувања, а притоа постигна 53 голови и 13 асистенции.

Фото: Facebook/Sporting CP