
Ѓоковиќ му се одмазди на Арналди и се пласира во полуфинале во Женева
Ѓоковиќ по голема борба го скрши отпорот на Арналди во првиот сет и направи брејк за 2-1, по кој сервираше без проблеми за 6-4.
Арналди заигра многу подобро во вториот сет и стигна до брејк за 3-1, но искусниот српски тенисер со два брејка по ред успеа да слави со 6-4.
Србинот во полуфинале ќе се бори против победникот од мечот меѓу Попирин и Нори.
Фото: EPA PHOTO