Гвардиола го најде наследникот на Де Брујне во Серија А!?

Англискиот гигант Манчестер сити ова лето ќе доживее трансформација бидејќи дел од фудбалерите ќе заминат, а еден од нив е Кевин Де Брујне, поради кој тренерот Пеп Гвардиола веднаш тргна во потрага по негов наследник.

Медиумите пишуваат дека Гвардиола веќе го пронашол идеалното решение за „граѓаните“, а гигантот од Манчестер е во напредни преговори за Тијани Рејндерс.

Рејндерс требаше да биде еден од предводниците на „росонерите“, меѓутоа Милан остана без пласман во европските купови за следната сезона и поради тоа талентираниот фудбалер решил да ја бара среќата на друго место.

„Граѓаните“ се подготвени да ги исполнат барањата на калчолигашот и да платат околу 90 милиони евра за Рејндерс.

Фото: Facebook/Manchester City