
Битола ќе има два суперлигаши: Пелистер 2 се врати во елитата!
Битолчани го диктираа темпото во текот на целиот натпревар, а победата ја најавија уште во првото полувреме кое им припадна со 23-10. Драчево немаше сили да се врати во вториот дел, па Пелистер 2 триумфира со 46-25.
Пелистер 2 по 15 одиграни меча е на врвот со 28 бодови, по што следи Мулти Есенс со 25 поени на втората позиција на три кола пред крајот.
Фото: Facebook/RK Eurofarm Pelister