Николов и Шишковски ја загубија борбата со Зрињски за Суперкупот на БиХ

Борац Бања Лука беше поразена со 0-1 од Зрињски во финалето на Купот на Босна и Херцеговина, па така македонските интернационалци Бобан Николов и Дамјан Шишковски останаа без пехарот.

Натпреварот беше решен со само еден гол, кој беше постигнат од Билбија во 82. минута од дуелот, по што Борац не успеа да одговори.

Николов доби шанса од клупата за резерви во 75. минута од мечот, додека Шишковски не заигра на натпреварот.

Фото: Facebook/FK BORAC Banja Luka