Турчин од Германија го купува Тиквеш и ќе дава по еден милион евра годишно!

Советот на општина Кавадарци почна со постапката за продажба на македонскиот прволигаш Тиквеш, како што беше најавено уште пред неколку месеци, при што во клубот треба да инвестира Турчин кој живее во Германија.

Инвеститорот во клубот од Кавадарци ќе има задолжение да вложува по еден милион евра годишно во првите пет години, од кои 200.000 евра ќе бидат наменети за младинските категории на прволигашот.

Претседател на клубот треба да остане Миле Масларков, додека името на тимот нема да се промени по доаѓањето на инвеститорот, а Турчинот исто така го прифатил и долгот од 135.000 евра кој го има екипата во моментов.

Тиквеш ја заврши сезоната 2024/25 во Првата македонска фудбалска лига на осмата позиција со 34 бодови.

Фото: Facebook/ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци