Младинците на Пелистер полуфиналето од ЛШ ќе го играат во - девет сабајле!

Младите ракометари на македонскиот тим Пелистер ќе настапат на завршниот турнир во Лигата на шампиони (ЛШ), а првиот меч го играат против ГОГ Гудме на 14 јуни во необичен термин, односно во 9 часот наутро.

Натпреварот меѓу Пелистер и ГОГ Гудме ќе се одигра во салата „Баер Спортцентер“ во Дормаген, Германија, додека второто полуфинале ќе се игра меѓу Барселона и Веспрем од 11.30 часот.

Битката за третата позиција во младинската ЛШ ќе се води на 15 јуни од 9 часот, додека финалето е закажано од 11.30 часот во „Ланксес Арена“ во Келн.