
УЕФА му се извини на Тотнем: Лошо изброивме колку фудбалери имате!
Грешката, според Европската фудбалска федерација (УЕФА), настанала поради погрешно пресметан број на играчи што ќе присуствуваат на подиумот. Организаторите не предвиделе дека на церемонијата ќе учествуваат и повредени фудбалери, поради што медалите не беа доволни за сите.
„Со жалење известуваме дека немаше доволно медали на сцената за време на свечената доделба. Станува збор за неочекувана грешка во броењето на учесниците. Се извинуваме за пропустот“, стои во соопштението од УЕФА.
Тие што не добија медали на теренот, меѓу кои беше и ветеранот Сон, истите ги добиле во соблекувалната.
ФОТО: EPA PHOTO