
Готово е: Модриќ потврди дека си оди од Реал! (ФОТО)
Такво нешто беше најавено уште синоќа, откако шпанските медиуми известија дека Флорентино Перез не планира да му понуди нов договор. Сепак, Модриќ тоа го потврди попладнево, преку социјалните мрежи каде соопшти дека по 13 години, си оди од „Бернабе“.
„Дојде времето. Времето кое не сакав никогаш да дојде, но тоа е фудбалот, а во животот е најважно дека се има свој почеток и крај. В сабота ќе го одиграм својот последен натпревари на ’Бернабе’. Ќе се сретнеме повторно, Реал секогаш ќе биде мојот дом“, напиша, меѓу другото, хрватскиот фудбалски волшебник.
За 13 години во Реал, тој освои се што можеше да се освои, дури и Златна топка, а си заминува како рекордер во Лигата на шампионите со шест освоени трофеи.