Ѓоковиќ прво мора да го среди Синер, па Алкараз за да дојде до 25-иот гренслем!

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, го дозна својот прв противник на Ролан Гарос и целата патека до можниот финален меч во Париз каде што ја брка 25. гренслем-круна во пребогатата кариера.

Најдобриот на сите времиња на отворањето од вториот гренслем-турнир оваа сезона ќе се соочи со Американецот Мекензи Мекдоналд во првото коло. Ѓоковиќ, како шести носител, се наоѓа во втората четвртина од ждрепката, каде најголема конкуренција му претставува Германецот Александер Зверев, со кого би можел да се сретне во четвртфиналето. Пред тоа, Ѓоковиќ евентуално ќе игра со Французинот Корентен Муте, под услов тој да го победи противникот од квалификациите.
 
Понатаму, можна е пресметка со Денис Шаповалов, а за место во четвртфиналето би можел да се соочи со Русинот Данил Медведев. Доколку стигне до полуфиналето и го совлада Зверев, најверојатен противник таму ќе биде првиот светски рекет и главен фаворит за титулата – Јаник Синер.
 
Од другата страна на ждрепката најсилен ривал е Карлос Алкараз, со кого ветеранот би можел да се сретне само во финалето.